Кристијано Роналдо го искористи својот Инстаграм профил за да позира и да се пофали со своето моќно Ламборгини Авентадор, но ако реакциите на неговиот пост беа крајно позитивни, таков не е случајот на преостанатите социјални мрежи каде Португалецот на големо е исмеван со урнебесни фотошопирани слики.
Фотографијата на првата ѕвезда на Реал е убедливо најсподелуваната на Твитер во изминативе 24 часа, но во прв план се најдоа илјадниците преработени слики со кој Португалецот беше претставен како суперхерој, барбика, автомеханичар и се останато што им падна на памет на иновативните сеирџии на друштвените мрежи…