Криси Тајген и Џон Леџенд споделија фотографија од новородената ќерка, го открија и нејзиното име

Музичарот Џон Леџенд и поранешната манекенка Криси Тајген ја објавија првата фотографија од новородената ќерка.

„Таа е тука! Ести Максин Стивенс. Нашето семејство не може да биде посреќно. Тато лее солзи радосници додека ги гледа Луна и Мајлс, кои се полни со љубов, а јас дознав дека треба да носам пелени по царскиот рез?! Ние сме во блаженство. Ви благодариме за сета љубов и добрите желби“, напишала Криси на Инстаграм.


За потсетување, Тајген пред 2 години доживеа спонтан абортус, а Џон и таа се најдоа на мета на бројни критики откако споделија фотографии со своето починато бебе. Парот јавно зборуваше за својата трагична загуба и тешкиот период во кој поранешната манекенка некое време му се препушти на алкохолот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e