Констракта може да добие номинација за Греми?

Српската пејачка Ана Ѓуриќ Констракта, која ја претставуваше Србија на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, би можела да биде номинирана за наградата Греми.

Таа на својот Инстаграм профил објави видео во кое ја соопштува веста дека постои можност, токму таа да добие номинација за наградите Греми.

Констракта е предложена од страна на еден од членовите на жирито а за да добие номинација треда да собере доволно гласови од останатите членови.

Во моментов е во тек првиот круг на гласање, кој трае до 23 ноември, додека во истиот месец ќе биде објавен и списокот со сите номинирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e