Прекарот го добил по групата што ја основал во осумдесеттите.
Еден од најпопуларните музичари од нашите простори, Дино Мерлин, зачекори на јавната сцена пред речиси 4 децении и оттогаш објавува хитови кои сите ги обожаваат.
Кога и да ги слушнеме нотите на неговата музика, сите веднаш ќе извикаат Дино, но малкумина знаат дека тоа е прекарот што го добил по групата што ја основал во Сараево во 1983 година.
Решил Дино Мерлин да биде негов уметнички псевдоним, бидејќи лесно се памти и е впечатлив.
Пејачот е роден на 12-ти септември 1962 година во главниот град на Босна и Херцеговина како Един Дервишхалидовиќ, но за широката маса е познат како Дино Мерлин.