Ќерките на Кејт Мос и Хајди Клум брутално навредени

Ќерките на Кејт Мос и Хајди Клум брутално навредени откако заедно се појавиле на престижен моден настан!
Лила Мос(20) и Лени Клум(18) се појавија на промоцијата на новиот парфем на Мајк Џејкобс, „Perfect“, и го украдоа шоуто со оглед што блицевите на фотопаратите блескаа најмногу во нивен правец.

Лила е ќерка на Кејт Мос и, слично како и нејзината мајка своевремено, носеше златнен кончан мини фустан под кој се наѕираше долната облека. Таа се одлучила за сребрен ѓердан и сребрени обетки, а целиот изглед го комплетирала со црни рамни каубојски чизми.

Лени Клум, ќерката на Хајди Клум, која славната манекенка ја доби со Флавио Бријаторе (72), се определила за кралско син седефест фустан кој во пределот на деколтето имаше црна чипка. Одозгора Лени носеше „оверсајз“ црно сако, а од обувки се определила за црни салонки со висока потпетица.

Потсетуваме дека Хајди и Лени неодамна позираа во долна облека за потребите на едно снимање. Во еден момент тие се бакнаа во уста, а многумина тоа го осудија како неприкладно. Фотографиите дури и добија епитет „вознемирувачки“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e