Турбулентниот живот на пејачката Бритни Спирс ќе се најде на филмското платно.Главна улога ќе биде младата австралиска глумица Наташа Басет,која глумеше во филмот “Hail Caesar’.
Филмот ќе се вика едноставно “Britney”, а вака главната продуцентска куќа Lifetime го опишува филмот: Бритни Спирс беше млада девојка од Луизијана која сакаше да се пробие на музичката сцена многу бргу, и нејзиниот талент беше препознаен од сите.После тоа секој нејзин чекор беше планиран,а Бритни најде утеха во својот колега Џастин Тимберлек.За жал како што нејзината кариера напредуваше,така приватниот живот и се распаѓање,особено после разводот на нејзините родители и прекинувањето со Џастин.
Во филмот ќе се обработува и негативниот дел од нејзината кариера,односно за нејзинот однесување и падот на кариерата.
Бритни Спирс во лошите моменти од кариерата на брзина се венча со пријателот од детството,2004 година,брак кој многу брзо беше поништен.Истата година се венча и со Кевин Федерлајни со кого доби два сина.После три години се распадна и тој брак,а таблоидите не ја оставија на мира.
“За нејзиниот живот зборуваа сите,па Бритни се доведе до ситуација да ги изгуби нервите,бракот се распадна и го загуби старателството над синовите.Но и покрај проблемите,успеа да се избори и повторно да изгради кариера,докажувајки на сите дека е безвременска сила во светот на забавата”,-завршуваат од продуцентската куќа,Lifetime.
Филмот нема да се прикажува пред 2017 година.