Ким Кардашијан има своја филозофија кога се работи за тоа што да облече на состанок со партнерот.
Имено, Ким и Кание се фотографирани синоќа после настанот кој го организирал еден моден фотограф, на кој отишле заедно. Иако се согласиле со темно сиво-сребрените бои, аутфитот кој го носеше Ким беше особено интересен.
Таа се одлучила за многу проѕирно, сјајно боди, кое јасно покажуваше дека Ким не носи градник. Со него искомбинирала минијатурна сребрена сукња. Како и поголемиот дел на аутфити што ги носи Ким, така и со овој ги истакна своите облини.
Целиот футуристички изглед го надополнила со црни потпетици, а иако беше ноќ, Ким ги носеше популарните минијатурни очила за кои мора да признаеме дека одлично и прилегаат, особено на нејзината нова фризура. Игледа дека Ким сакала да се усогласи со нејзината сестра, Клое Кардашијан, која неодамна направи боб фризура, па и Ким се одлучила за истото.
Кание пак, во негов стил, носел голема сива маица и темно-сиви пантолони, кои на себе имале точки во разни бои, како да почнал да се занимава со сликање и боење.