Kим Кардашијан и Канје Вест наводно имате голема расправија за неговото отселување во Чикаго.
Американската старлета Ким Кардашијан нема намера да се сели, до што доведе до општ хаос, пренесуваат странските медиуми.
Канје Вест на концертот во Лос Анџелес изјави дека со своето семејство се сели во своето родно место Чикаго.
„Сакам да соопштам дека се враќам во Чикаго“, рече раперот пред својата публика, а извор близок до семејството отрива дека Ким не се согласува со неговата одлука.
„Ким цел живот живее во Лос Анџелес. Тука и е семејството, пријателите, фризерот, стилистите. Го сака моментот што нејзините деца растат во кругот на големото семејство“, изјави блискиот извор и додаде дека Ким е потресена од целата оваа ситуација.
Имено, Ким и Канје имаат вложено милион долари за реновирање на нивната куќа во Лос Анџелес.
„Изморена е од реновирање, не сака да се сели“, изјавува изворот за странските медиуми.