Ким Кардашијан е најплатената инфлуенсерка на Инстаграм

Ријалити-ѕвездата се смета за една од највлијателните и надалеку познати фигури во поп-културата, а презимето Кардашијан првпат стана познато преку нејзиниот татко Роб кој го бранел О.Ј. Симпсон во контроверзното судење за убиство во 1995 година.

Меѓутоа, вистински катализатор за нејзината слава, било протекувањето на озлогласените секс-видеа на Ким Кардашијан со пејачот Реј Џи. Осум месеци потоа семејството одлучило да ја искористи својата изложеност во јавноста, па ја објавиле првата епизода од реалното шоу Keeping Up with Kardashians.

Кога социјалните медиуми започнале вртоглаво да растат, Ким и нејзините сестри го искористиле тоа како можност за зголемување на своето влијание надвор од реалното шоу.


Таа денес е веројатно најпознатата светска инфлуенсерка, а тој статус ѝ донел голема заработка.

Со над 329 милиони следбеници само на Инстаграм, Ким е една од најплатените на таа социјална мрежа, а со оглед на тоа што името постојано ѝ е на насловните страници од светските медиуми, не е веројатно дека наскоро ќе ја изгуби оваа популарност.

Според процените на Influencer Huba, Ким во 2022 година заработила меѓу 620 и милион американски долари од објава на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e