Кејт Винслет повредена на снимање во Хрватска, заврши во болница

Кејт Винслет е итно префрлена во болница отакко се здобила со повреда на ногата на снимањето во Хрватска овој викенд.

Познатата холивудска актерка во моментов снима биографски филм на легендарниот американски фоторепортер, Лиј Милер, а незгодата се случила додека снимала во селото Купари кога ја изгубила рамнотежата и паднала, пишува „Дејли Мејл“.

„Кејт се лизнала и однесена е во болница како мерка на претпазливост која ја дава продукцијата. Таа е добро и ќе снима како што е планирано за оваа недела“, изјавил преставникот на ѕвездата за “MailOnline”.

Актерката е однесена во болница во Дубровник, а откако е констатирано дека е добро, била пуштена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e