Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, мораше целосно да го трансформира својот моден стил поради неколку компромитирачки фотографии кои сериозно ја разлутија кралицата Елизабета Втора. Изминатите години модниот избор на војвотката од Кембриџ главно беа здолништа и фустани со средна должина и крој кој се шири надолу.
Но ваквите модели, кои Мидлтон ги обожаваше, брзо ја разлутија кралицата на Англија. Причината? Лесните материјали кои нежно паѓаат надолу, неколку пати под налет на ветерот “летале“ и откриле повеќе отколку што било потребно од телото на Кејт.
Откако непријатнните фотографии од бутовите и задникот на сопругата на принцот Вилијам ги обиколија таблоидите, таа беше принудена да се раздели со овој модел на фустани. Според извор близок на кралското семејство кралицата Елизабета Втора лично инсистирала на промена на стајлингот на Кејт, нарачувајќи кај нејзиниот личен стилист Ангела Кели да се погрижи за тоа. Ангела е омилената стилистка на кралицата и веќе 20 години се грижи за гардеробата на британската монахиња.