Српската пејачка Јелена Карлеуша на почетокот на оваа година стана заштитно лице на еден од најпознатите светски брендови за онлајн гардероба и модни додатоци по достапни цени.
Пејачката со оваа компанија потпишала договор, па за една објава таа добива дури 15.000 евра.
Оваа сума ја става ЈК автоматски на првото место по заработка од Инстаграм и тоа не само во Србија, туку и во целиот регион.
„Јелена со овој бренд соработуваше и пред неколку години. За разлика од другите пејачки, кои рекламираат само домашни брендови, таа како и секогаш е чекор пред сите, па повторно стана заштитно лице на еден од најпознатите светски брендови за онлајн продажба на гардероба и модни додатоци. Луѓето кои стојат позади овој бренд имаа голема желба да ги рекламира Јелена, па за кратко време потпишаа договор. Се е договорено на почетокот на оваа година. Таа од средина на јануари на својот профил со нивна гардероба се сликаше пет пати. Бидејќи за една објава на ѕид е платена 15.000 евра, се доаѓа од сума од вртоглави 75.000 евра која ги заработила за помалку од месец дена“ – рекол изворот.