Карлеуша: Поради тоа што сум од Србија откажан ми е концертот во Хрватска

На социјалните медиуми се огласи српската пејачка Јелена Карлеуша. Со жалење ги информирам сите мои фанови во Хрватска дека мојот концерт планиран за утре на островот Барбаринац е откажан, напиша Карлеуша.

Српската пејачка Јелена Карлеуша требаше да настапи во Хрватска, на островот Барбаринац, но концертот е откажан.

Пејачката со денови го најавуваше настапот, но сега преку социјалните мрежи објави дека нема да се одржи.

– Со жалење ги информирам сите мои фанови во Хрватска дека мојот концерт планиран за утре на островот Барбаринац е откажан од властите во Хрватска. Причината е затоа што доаѓам од Србија – напиша Карлеуша на својот Инстаграм профил, а потоа продолжи:

– Искрено, вакви работи во 21 век?! Поздрав до сите мои фанови во Хрватска кои масовно купија билети со пораката – ширете мир, љубов, толеранција и не дозволувајте омразата да ја труе заедничката иднина на сите нас добри луѓе! Нека нè обедини музиката! Те сакам! ЈК – изјавила Карлеуша.

Пејачката со денови го најавуваше својот настап, но сега организаторите на фестивалот се огласија, а донекаде ја открија и причината за откажувањето.

– Концертот на пејачката Јелена Карлеуша на островот Барбаринац е откажан. Поради безбедносните предизвици и големата негативна кампања на поединец што се спроведува во последните месеци кон овој концерт, организаторите одлучија да го откажат настапот на српската пејачка која во последните години во повеќе наврати настапуваше низ Хрватска – напишаа на социјалните мрежи. Тие исто така додадоа дека островот Барбаринац „Островот на љубовта“ е место за средба на луѓе и култури од целиот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e