Карлеуша добива закани од адвокатот на Душко Тошиќ

Српската пејачка Јелена Карлеуша одржа медиумска конференција по повод нејзиниот новогодишен концерт, а по тој повод се осврна и на разводот со фудбалерот Душко Тошиќ.

Како што пренесува Нова.рс, многумина биле изненадени што пејачката проговорила за разводот.

“Не знам зошто сите се заинтересирани за мојот однос со Душко. Семејството е заедно, тој генерално мисли дека не треба да зборувам за него во медиумите и сега се плашам од неговиот адвокат. Последен пат кога го направив тоа, веднаш ми се јави неговиот адвокат и ми се закани“, изјави таа на насобраните новинари, пренесува Нова.рс.

За проблемите во бракот на познатиот српски пар се шушкаше подолго време, а сѐ ескалира кога локалните медиуми на Божиќ објавија дека дошло до жестока расправија меѓу сопружниците, при што морала да интервенира и полицијата. Се пишувало дека Тошиќ дури и ја удрил пејачката, но таа тоа официјално не го потврди.

Неколку месеци подоцна Јелена Карлеуша преку својот Инстаграм профил ги извести своите фанови дека се разведува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e