Една од најголемите ѕвезди на забавна музика на овие простори, Калиопи Букле се сретнала со медиумите на едно снимање во Белград и во таа пригода ја прашале како реагираат белграѓаните кога ќе ја сретнат на улица.
Природно, многу спонатно. Луѓето ми се обраќаат како на некој свој. Како да се познаваме и како да сме некои стари познаници и тоа она што мене ми импонира – рекла Калиопи за „Курир“.
Кога е во Белград, таа задолжително се гледа со Жељко Самарџиќ.
Пред се’, тој е мој пријател и се познававме пред да снимиме дует. Поминувавме време заедно во секоја можна пригода. Ние сме некако и семејно поврзани, јас за него, тој за мене – додала пејачката.
Калиопи само во Србија, а никогаш во Македонија зборувала и детално за својот син Пако, односно дека тој е ден од нејзините најголеми критичари.
Пако е еден од главните критичари, некој кој на мене и на неговиот татко е многу важен во таа улога, бидејќи, иако одлучи да не се занимава со музика, тој многу добро слуша – рекла пејачката.
Како најважна работа во родителството, таа го издовила следното:
Не постојат совршени родители, но постои една единствена совршена работа, а тоа е љубовта. Љубовта што се трудиме да им ја пружиме на своите деца и да ги научиме да сакаат луѓе – заклучила таа.