Пејачката Јелена Карлеуша доживеа тежок удар откако во медиумите излезе приказна дека наводно таа го изневерила својот сопруг и дека е можно да се разведат. И се тоа се случило на Божиќ, па затоа Јелена е дополнително потресена.
Таа минатата вечер изјави и откри дека со нејзиниот брак е се во ред, а и нејзиниот сопруг Душко Тосиќ ги потврди нејзините зборови, а потоа денес таа изјави уште нешто!
“Медиумите и луѓето кои синхонизирано, договорено и смислено ме нападнаа на Божиќ (?!?!), со намера да ми наштетат на мене, моите деца и моето семејство, од мене нека не очекуваат “Мир Божји и Христос се роди”. Мислам дека бев јасна”, е острата порака која Карлеуша ја испрати преку социјалните мрежи.