Главниот уредник на британскиот „Vogue“, Едвард Енинфул, е воодушевен од реакцијата на првото издание на магазинот на Брајово писмо за слепи и слабовидни лица.
Мајското издание на модната публикација, која е лансирана во 1916 година во Велика Британија, е достапно во физичко издание на Брајово писмо, како и во облик на аудиозапис.
„За првпат во историјата на британскиот „Vogue“, драго ми е да споделам со вас дека магазинот е сега достапен на Брајово писмо за слепи и слабовидни лица. Тимот на „Vogue“ и јас сме воодушевени од реакцијата на мајското издание, но она што процесот на работа на него нè научи е дека се најважни опипливите и трајни промени“, објави Енинфул на Инстаграм.