Исклучена е можноста за убиство на Авичи

Како што наведува шведската телевзија СВТ полицијата во Оман извршила две обдукции од телото на познатиот ди џеј  Авичи кој почина во петокот. Обдукциите над телото на шведскиот ди џеј Тим Берглинг познат по своето уметночко име Авичи, не покажаа ништо сомнително поврзано со неговата смрт, јавува шведскта телевизија СВТ.

Медиумот, повикувајќи се на информации од неименуван полицаец, наведува дека нема ништо сомнително во обдукциите и дека е исклучена можноста за убиство. Полицијата известила дека телото на младиот музичар е подготвено за да биде вратено во Шведска, неговата родна земја.

Неговите фанови од Стокхолм му одадоа поддршка со едноминутно молчење на комеморацијата во саботата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e