Ова е менито на Моника Белучи до кое се придржува со години

Освен што е позната по одличната глума и улоги, Моника Белучи со години изгледа младешки. Многу дами сигурно се прашуваат како и успева во тоа, а ние ви откриваме како таа го прави тоа. Познато е дека оваа занесна актерка навистина не е љубител на вежбањето, но затоа внимава на исхраната!

Вака се храни Моника!

Убавата актерка истакнува дека многу ужива во храната, а најмногу ја сака италијанската кујна. Меѓутоа, кога ќе претера и ќе забележи колку килограми се вишок, веднаш го намалува менито.

Нејзината диета изгледа вака:

ДЕН 1

Појадок – 150 мл јогурт со јаболко

Ручек – 200 гр варено говедско месо, 200 гр салата со лажица маслиново масло и парче пченкарен леб

Вечера – чинија свежи јагоди, 150 гр ориз со една лажица маслиново масло и 50 гр рендано сирење, 150 гр салата

ДЕН 2

Појадок – шолја кафе без шеќер, тост и лажица бобинки или џем од овошје

Ручек – омлет од три јајца, две мали варени тиквички, парче интегрален леб.

Вечера – 150 варено немасно месо, салата

Поврзани објави
Кралицата ова јадење го применува секој ден: Многу е…

Ќе го смените мислењето: Еве зошто е добро да внесувате…

Фитнес-инструкторката Јанка Будимир ги откри клучните…

Овој чај ја одржува млада: Ана Ивановиќ ја откри…

ДЕН 3

Појадок – шолја зелен чај со лимон, тост со мед, грејпфрут

Ручек – 200 гр варени или печени компири со магдонос, 100 гр сирење со малку маснотии

Вечера – 170 гр шпагети со маслиново масло.

ДЕН 4

Појадок – јогурт со 2 лажици мед, 40 гр сирење

Ручек – 100 гр ориз, 100 гр варени тиквички, 100 гр варено говедско месо

Вечера – чинија од кое било овошје, 200 гр варена риба, салата со маслиново масло, парче леб, овошје.

ДЕН 5

Појадок – чаша свежо исцеден сок, две солени крекери

Ручек – 100 гр шпагети, зелена салата со маслиново масло, портокал

Вечера – 250 гр салата од зеленчук, со неколку боранија, овошје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e