Рене Ландерс е 70-годишна жена која се занимава со бодибилдинг и гордо позира во бикини.
Таа во своите 60-ти години од животот започнала и да се натпреварува во бодибилдинг. На почетокот била срамежлива кога станува збор за фотографирањето во бикини, меѓутоа набрзо стекнала самодоверба откако ги пребродила сите стравови и несигурности.
„Морав да прејдам преку своите несигурности поради тоа што сум најстарата личност во зградата. Меѓутоа, и покрај тоа што бев многу постара од која било друга натпреварувачка, завршив на шестото место“, изјавила Ландерс во една прилика.
Таа денес има доволно самодоверба, го сака своето тело и со гордост позира во костими за капење, а таквите фотографии ги споделува и на социјалните мрежи