Двократната оскаровка Хилари Свонк е бремена на 48-годишна возраст. Познатата актерка ја сподели среќната вест за време на гостувањето во емисијата „Добро утро Америка“.
Актерката откри дека таа и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер ќе станат родители на близнаци и дека е во вториот триместар од бременоста.
„Ова е нешто што го посакував многу долго време и следната работа за мене е дека ќе станам мајка. Да, ќе станам мајка – само на едно, туку на две дечиња. Не ми се верува. Убаво е да се зборува за ова и да имам можност да споделам“, сподели Свонк.
Малку подоцна во истиот ден, Свонк гостуваше и во емисијата „Во живо со Кели и Рајан“ и сподели дека се чувствува одлично.
„Да се очекуваат близнаци е двоја возбуда. Мојата баба беше близначка, бабата на мојот сопруг беше близначка. Па, ние имаме семејна историја со близнаци“, раскажа актерката.