Хелен Хант во болница, имала сообраќајна несреќа

Американската актерка Хелен Хант била итно префрлена во болница откако доживеала сообраќајка во Лос Анџелес.

Таа била сама во џипот, кој излетал од патот и се превртел, по што бил речиси уништен. Хант се пожалила на силни болки, па била пренесена во болница со возило на итната помош.

Во моментот на несреќата, таа била во свесна и стабилна состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e