Гога Секлулиќ остана бремена на 42 години и сега не сака ништо да го загрози животот на бебето, па така таа деновиве донесе една драстична одлука и реши комплетно да се повлече од естрадата.
– „Да, се пазам и затоа решив да ја напуштам естрадата. Барем додека не се породам. Одлично се чувствувам, иако многумина зборуваа дека ќе имам висок притисок, мачнини… Не пијам никакви лекови. Завршив со настапите и се враќам за Цирих каде ќе се породам. Сите ме прашуваат дали се плашам, а јас пак едвај чекам да се породам“ –вели Гога за српски Свет.рс.