Гоца Тржан се откажа од „инвитрото“, веќе нема сили!

Поп-пејачката Гоца Тржан во првиот брак со Иван Маринковиќ во 2007 година ја доби ќерката Лена, но и со вториот сопруг Радомир Новаковиќ сакаше да го почувствува шармот на родителството. Меѓутоа, очигледно оваа желба им е ускратена…

Бидејќи не успеаја да добијат дете по природен пат, пејачката се одлучи за инвитро-оплодување. Сепак, сите обиди беа неуспешни. Кога минатата година петти пат добија негативен резултат, Гоца, која важи за голем борец, призна дека е уморна и дека повеќе нема да се измачува.

Борбата за потомство звучи благородно, но всушност е борба, напорна работа и притисок. Воопшто не е лесно да се издржи хормонската терапија. Еден месец се чувствувам како да сум луда и имам биполарно растројство, нерасположена сум – открива Гоца како тој процес всушност влијае на телото, пренесува Hello!.

Веќе не е здраво и нема да одам на ИВФ. Тоа е голем стрес за организмот. Многу луѓе имаат проблеми со природното зачнување. Мразам кога за темава се пишува патетично. Не треба никој да ме сожалува. Верувајте дека сите овие луѓе се сериозни херои – изјави Гоца во една емисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e