Ешли Греам често е мета на навреди поради килограмите, но не и пречи тоа премногу, бидејќи смета дека жените треба да го прифатат својот изглед, таков каков што е.
Популарнатa манекенка се залага за природен изглед, а на своите фотографии често ги истакнува целулитот и стриите, како и салото на стомакот.
Никогаш не и било важно што има речиси 100 килограми и често истакнува дека се гордее со своите облини.
-Луѓето често ме прашуваат како успевам да пукам од самодоверба и да коментирам за мојот стил на облекување. Само затоа што носам големина 16 (американска големина), тежам повеќе од 90 килограми и снимам кампањи за долна облека, не значи дека сакам постојано да разговарам за тоа што е потребно за да имам толкава самодоверба, рече таа.