(ФОТО+ВИДЕО) Жешката Марина Тошиќ во љубовен триаголник

Македонската пејачка од српско потекло со бугарска адреса на престој Марина Тошиќ, одново ги „запали“ социјалните мрежи. Се разбира, откако претходно ги „запали“ своите обожаватели и следбеници на истите.

На жешката Марина и зовреа „хормоните“, па сиот свој телесен раскош, порочниот изглед, набилданиот сексапил и сета страст која извира од неа ја преточи во ново задоволство…

За себе и своите обожаватели!

222111

Сето тоа зачинето со неверството, еротска страст, искушение и љубовни возбудувања кои доминираат во најновото аудииовизуелно остварување на пејачката, зачинето со фотографии од снимањето.

333

Ако на тоа му се придодаде и интригантниот љубовен триаголник со друга жена – нејзина колешка, пејачка…

5

Имено, сето ова можете да го видите во заедничкиот проект на Марина Тошиќ и бугарската пејачка Димана, насловен “Нека го боли”.

Смели, дрски, провокативни… русокосата Марина и црнката Димана, толку многу ќе ги подгреат еротските мечти, што навистина „боли“…44

Зашто и онака и обете се „секси до болка“! Впрочем, уверете се од видеото додека уживате во скокотливите кадри од истото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e