Сидни Свини имала само 12 години кога дебитирала на екраните во нискобуџетен филм за зомби, а сега стана една од најпопуларните млади актерки на Холивуд.
Свини се појави во филмот „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино каде глумеше заедно со Бред Пит и Леонардо ди Каприо. Потоа следеше улога во серијата „Белиот лотос“, а моментално е во Австралија на снимање на нов филм, романтична комедија во која главен партнер ѝ е Глен Пауел.
Кариера
Сидни од детството сонувала да биде успешна холивудска актерка и на таа цел сериозно ѝ пристапила. Пораснала во Спокен, што не ѝ дало многу можност за да се пробие во светот на шоубизнисот.
Кога имала 12 години во нејзиниот град се снимал нискобуџетен филм за зомби, а тоа за неа било прекрасна можност. Кога нејзините родители ја одбиле нејзината желба да се појави на аудиција за улога, направила стратегија да ги убеди.
„Направив петгодишен деловен план којшто во суштина објаснуваше што може да му се случи на мојот живот доколку ми го дозволат тоа, чекорите кои морам да ги преземам, работите на кои морав да работам“, се присетила актерката.
На крајот ѝ дозволиле да оди на аудиција и тоа довело до нејзино прво појавување на екраните. Потоа Сидни добила улога во дистописката драма „Приказната на слугинката“ поради која толку била возбудена што плачела кога ја дознала веста.
„Приказните се неверојатни. Глумците и кинематографијата се неверојатни, да се биде дел од нешто е неверојатно“, изјавила таа во една прилика.
Меѓутоа, ништо не ѝ довело поголема слава додека не се појавила во серијата „Еуфорија“ која е позната по својот груб реализам, а тоа вклучува и голотија..
По нејзиното појавување во оваа серија, голите сцени ги полнеа таблоидите, но таа не се оптоварувала премногу околу тоа.
„Никогаш не барав од него да исече било која сцена“, изјавила актерката.
„Сите сме голи во реалниот живот. Го прикажуваме животот на овој лик и низ што тој поминува“.
Инаку, Свини покрај актерството има и други интересирања, таа поправа стари автомобили, а сака и боречки вештини. Почнала да тренира ММА кога имала само 14 години.
Кога станува збор за љубовниот живот, Сидни не открива многу, но се знае дека е верена за Џонатан Давин. Иако не дала јавно соопштение за тоа, „TMZ“ објавил фотографии на кои се гледа дека таа носи веренички прстен.