Италијанскиот актер Микеле Мороне, кој го гледавме во 2020-та година во еротско љубовно-драмскиот филм „365 дни“ на Нетфликс, важи за вистински фраер.
Згодниот актер повторно им измамил воздишки на дамите кога се појавил на црвениот тепих на првиот филмски фестивал во Саудиска Арабија.
Тој изгледал совршено во елегантен црн костим кој го потпишува брендот „Долче и Габана“.
Мороне оделото го искомбинирал со бела кошула и црни елегантни чевли.
Изгледа дека неговите следбеници останале без зборови, со оглед дека на социјалната мрежа Инстаграм коментирале дека е ‘најубавиот маж’.
„Крал“, „Господин“, „Најубавиот маж“, „Ти си вистински дијамант“, биле само дел од коментарите.