(ФОТОГАЛЕРИЈА) Која е новата најубава жена на Универзумот?

Во Њу Орлеанс се одржа престижниот натпревар за убавина и по 71-ви пат беше избрана новата Мис Универзум.

За ласкавата титула се бореа 80 жени од целиот свет, но круната замина во рацете на Р’Бони Габриел од Америка. Имено, оваа убавица влезе во историјата во декември 2021 година како прва Американка со филипинско потекло која ја освоила титулата Мис Тексас САД.

За прва придружничка е прогласена Аманда Дудамел од Венецуела, а втора придружничка е Андреина Мартинез од Доминиканската Република.

Која е новата Мис Универзум?
Р’Бони Габриел е родена во Хјустон, 1994 година, а по занимање е моден креатор, модел и инструкторка по шиење. Таа се стекнала со диплома по моден дизајн на Универзитетот во Северен Тексас.

„Мојот татко се пресели во Америка од Филипини со стипендија за факултет и 20 долари во џебот. Сакал да си го отвори патот за нов живот. Во Тексас ја запознал мојата мајка, селска жена од Бомонт. Јас сум многу горда филипинска Тексашанка“, изјавила Габриел за „KTRK-TV“ во октомври 2022 година.

Таа имаше многу оригинален одговор на прашањето, кога влезе во топ 3, за тоа што би направила доколку победи.

„Би ја искористила победата за да бидам лидер во промените. Како многу страстен дизајнер, шијам веќе 13 години и ја користам модата како сила за добра енергија. Во мојата индустрија придонесов за намалување на загадувањето бидејќи изработувам облека од рециклирани материјали. Давам часови по шиење на жени кои се жртви на семејно насилство и трговија со луѓе“, рекла таа.

Р’Бони смета дека е многу битно да се инвестира во другите.

„Го кажувам ова за да истакнам колку е важно да се инвестира во другите, во нашата заедница и да се искористат нашите уникатни таленти за да направиме разлика. Сите ние имаме нешто посебно во себе, а кога тоа семе ќе го засадиме во другите луѓе во нашите животи, го користиме како средство за промени и менуваме сè околу нас“, истакна оваа убавица.

А многумина сметаат дека токму овие зборови ѝ помогнаа да ја освои титулата на најубава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e