Сем сега е тренер за фитнес, а пред неколку години се борел со многу килограми, бидејќи сакал слатки и брза храна.
Сем Ашгари, дечкото на пејачката Бритни Спирс е исто така познат тренер за фитнес кој, на профилот на Инстаграм, редовно објавува фотографии од салата и се фали со своето мускулесто тело.
Сепак, не секогаш Сем имал такво совршено обликувано тело, и тој го признал тоа самостојно, објавувајќи слика од времето кога имал 130. килограми. Тој сакал промена и одлучил да се справи со вишокот килограми и почна да се вежба.
„Одлучив да дадам се од себе и да ги променам работите“, напишал Сем.
Во едно интервју, тој рекол дека на 19.годишна возраст, кога имал 130.килограми, сфатил дека навиките во исхраната биле страшни.
A post shared by Sam Asghari (@samasghari) on
„Јадев само слатки и јаглени хидрати и брза храна. Паднав во депресија и бев разочаран со себе, и решив да преземам нешто и да ги поправам работите”, рекол Сем.
За само половина година тој дошол до посакуваните резултати и загубил 45. килограми и почнал да се занимава со моделинг, и благодарение на новата линија и работа, добил работа во видео спотот на неговата сегашна девојка.