Студентката Мелиса Рауф, која се натпреварува во финалето на изборот за Мис на Англија, стана првата натпреварувачка без шминка во 94-годишната историја на изборот.
Мелиса (20) ги импресионира судиите во Лондон за време на полуфиналето во понеделникот, откако излезе на модната писта без шминка на лицето, а сега се надева дека ќе ги инспирира другите жени да се чувствуваат удобно во сопствената кожа.
Таа го опиша влегувањето во финалето како „прилично страшно искуство“, додавајќи дека „беше неверојатно да се победи на овој начин“.
„Ова многу ми значи бидејќи чувствувам дека многу девојки од различна возраст се шминкаат бидејќи се под притисок да го сторат тоа“, рече таа.
“Никогаш не сум почувствувала потреба да ги исполнувам стандардите за убавина. Неодамна прифатив дека сум убава и затоа решив да се натпреварувам без шминка”, објаснила таа.