Џенифер Лопез конечно ја заврши турнејата „All I Have“, која траеше 3 години, а на големата финална забава, учествуваа и многу планетарно познати личности, како што се Коби Брајан со сопругата Ванеса, Ешли Грем, Диди, Антони Андерсон, Тифани Хедиш и други.
Нормално, забавата не можела да започне без момчето на Џенифер, Алекс Родригез и неговите ќерки Наташа (13) и Ела (10), а поранешниот спортист, бил на сите перформанси на Џеј Ло.
Веднаш по завршувањето на турнејата, соопштено е и колкава сума заработила Џенифер од продажба на картите, а бројката од која на многумина „им се врти“ е поголема од 100 милини долари!
Како што пренесува „People“, на прославата точеле водка, бурбон, џин, текила, како и коктели кои ги носеле имињата на најголемите хитови на Џеј Ло – „Dance Again“, „I’m Real“, „All I Have“ и „Dinero“.
За три години, преку 200 ѕвезди дошле да го гледаат шоуто на Џенифер. Дел од нив се Џастин Бибер, Ким Кардашијан, Дру Баримор, Селена Гомез, Гвен Стефани и бројни други.
Во текот на изведбата на „I Hope You Dance“, на последниот перформанс во склоп на турнејата, Лопез почнала да плаче кога танчерите ја изненадиле – на сцената ги изнеле нејзините деца.
„Се разбудив толку благодарна за сѐ… 3 години и преку 100 шоуа. Каков благослов! Ја вложив целата моја душа и ја оставив на подиумот, дадов сѐ што имам. Благословена сум поради вашата поддршка. Ова е наш успех! Има уште многу што да видите, сѐ уште не завршив”, изјавила Џенифер по овој повод.