(ФОТО) Вежба како спартански војник – На што се должи совршената линија на убавата Изабел

Манекенката Изабел Гулар важи за најтрактивната Бразилка, а еве и зошто. Позната е по најдолгите нозе, а многумина забораваат дека има 38 години. Додека сите се прашувале како е тоа можно, Изабел не криела дека тренира како спартански војник.

Од тренерот барала најтешки тренинзи, со реченицата: „Подготви ме како да одам на Олимписки игри“. Ако го погледнете нејзиниот „Инстаграм“ профил, ќе видите колку труд Изабел вложува за да има совршено обликувано тело.

„Многу е забавно да се вежба со пријателите или браќата. Тоа е толку инспиративно и ве покрева. Животот е делење работи со останатите! Затоа и го направив својот „Инстаграм“ профил и хаштагот #BodyByIza. Сакав место каде ќе можам да ја споделам својата рутина за вежбање, и што е најважно, сакам да видам и да ги научам и останатите како го прават исотот. Чувствувам задоволство знаејќи дека можам да ги мотивирам и инспирирам другите и да го добијам истото за возраст“, изјавила своевремено манекенката.

„Здравјето е едно од најголемите богатства што ги имаме во животот и отсекогаш ми било приоритет“, изјавила Гулар, а еве како изгледала нејзината рутина за вежбање.

Скока на јаже
Некои велат дека скокањето е добро за разградување на масните клетки, додека други велат дека е добро дури и за вашиот мозок. Скокањето со јаже има многу други предности, но несомнено е одлично за согорување на калории.

Кикбокс
Омилената вежба меѓу моделите, кикбоксот ја потсетувал Изабел дека „no pain, no gain“.

Основни вежби
Кога не била во можност да тренира, не наоѓала изговори, туку ги преземала работите во свои раце. „Често имам брзи тренинзи во мојата хотелска соба, која се состои од вежби за нозе, глутеците, стомачните мускули и рацете. Исто така, секoгаш имам јаже за скокање, медицинска топка на надувување и трака во мојот куфер. Тоа е одличен додадок при патување. Доколку немате теретана на вашата дестинација, нема проблем“, изјавила Изабел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e