Атрактивната пејачка Маја Беровиќ го чека своето прво дете со сопругот Ален Драгосав со кој е од својата 17 година. Таа треба да се породи во февруари, а како што и самата напиша покрај првата фотографија на која позира со голото трудничко стомаче – откри дека е многу среќна.
Иако е многу популарна, многумина не знаат за нејзиниот сопруг. Маја и Ален се запознале кога таа била малолетна.
„Доаѓаше на секој мој настап во Босна и се завршуваше со погледи бидејќи имав 17 години. Бев малолетна и лудо заљубена во човекот кој доаѓа на моите настапи“, изјави Маја во една прилика. Тие започнале да се забавуваат, а набргу започнаа да живеат заедно.
„После некое време, сфативме дека не можеме така и дека ни е премногу важно да остане на платонска љубов. Донесовме одлука да живееме заедно, што беше тешко да и кажеме на мојата мајка која беше самохрана мајка и на која и беше тешко да се раздели од своето дете толку рано. Сепак не застана на патот на мојата среќа. Ален ми помогна финансиски и морално да го објавам мојот прв албум“, изјави Беровиќ.