Популарниот македонски пејач Влатко Илиевски завчера, околу 23 часот бил пронајден мртов во автомобил во Скопје.
Според информациите Илиевски бил најден во моторно возило марка „Тојота” на булеварот „Трета Македонска бригада”, откако пред полноќ имало анонимен повик кој го пријавил пејачот, потврдуваат од МВР за А1он.
На местото е извршен увид од страна на Јавен обвинител и телото е предадено на обдукција.
Нема информации кои се причините за смртта.
„Шарене пилуле за лилуле“ – стои во описот на последната објава на Влатко во петокот на ФБ (ФОТО)