Нашата позната поп пејачка Тамара Тодевска на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која е фотографирана со гол стомак во деветиот месец од бременоста, дискретно прикриена со златна наметка.
„Loading 99%“ – напиша Тамара која е во блажена состојба и така ќе биде уште неколку денови или седмици, а потоа на свет ќе го донесе второто дете.
Тодевска и нејзиниот сопруг Александар Димитровски првпат станаа родители во април 2016 година.