Мерјем Узерли, ѕвезда на мега популарната серија „Сулејман Величествениот“ која ја „оживеала“ султанијата Хурем, е една од најпопуларните турскиа актерки. Надвор од филмските студиа и покрај гламурот кој се врзува за нејзината професија, убавата Турчинка со германско потекло живее многу обичен живот.
Ќерката Лара ја одгледува сама, а со своите обожаватели со задоволство го дели секој важен настан од деловниот, но и од приватниот живот. За време на бременоста минувала низ приватна драма поради која била во тешка депресија, па морала да се лекува. Токму нејзината тешка здравствена состојба бил причина поради која го напуштила снимањето на „Сулејман Величествениот“ преку што домашната публика и’ ја запознала.
После бројните кавги и малтретирање на тогашниот пртнер, Кан Атес, се обидела да се убие. Денес сето тоа е зад неа и покрај големата слава покажува дека е една обична и нормална млада жена.
Мерјем Узерли и нејзината Лара се заедно. Откако популарната глумица неодамна го покорила црвениот тепих во Кан, во истиот момент се вратила на својот едноставен и насјреќен свет.
Имала неколку минливи љубовни врски, но се чини дека најцврста врска во нејзиниот живот е онаа со нејзината принцеза, ќерката Лара, која изминатите четири години и донела потполно исполнување и среќа.
„Во стварноста сум нормална, како и секоја жена на оваа планета. Не ми се битни ниту парите ниту славата, само да живеам во мир со себе и своето девојче“, рекла Мерјем.