(ФОТО) Синди Крафорд и на 57 години е „бомба во бикини“

Американската манекенка Синди Крафорд (57) учествувала на конференција за убавина која се одржала вчера во Лос Анџелес, а која ја организирал познатиот магазин Women’s Wear Daily, пишува Дејли Меил.

Крафорд дошла на конференцијата во крем фустан со долги ракави, бела чанта, тркалезни обетки, златна нараквица и проѕирни чевли со потпетици. Што се однесува до нејзината фризура, се одлучи за светли бранови.

Крафорд рече дека се чувствува почестена што е поканета на панелот за убавина каде што зборуваше за нејзината компанија Meaningful Beauty, која произведува производи за нега на кожа и коса против стареење, како и за индустријата за убавина како целина.

Крафорд неодамна во интервју за магазинот People изјави дека таа и нејзиниот сопруг Ранде Гербер (60), со кого се омажи во 1998 година, се навикнати да ги делат домашните и животните обврски. Гербер е мајсторот, а Крафорд купува храна, планира оброци и се грижи сите членови на нивното семејство, кое сè уште го сочинуваат 23-годишниот син Присли и 21-годишната ќерка Каја, да пристигнат навреме на закажаните состаноци и обврски.

Манекенката рекла дека нејзините и децата на Гербер речиси секогаш учествувале во нивното дружење со други возрасни луѓе и затоа денес одлично се снаоѓаат во сите животни ситуации.

sindi

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e