Северина Којиќ му се заблагодари на својот сопруг Игор Којиќ за љубовта и поддршката што и ја дава, посебно во тешките мигови во животот, со заедничка фотографија, која ја објави на својот инстаграм-профил, и со топли зборови упатени до него.
„Го сакам неговото храбро срце, неговиот карактер, неговите квалитети и личност … И затоа што тој секогаш цврсто ја држи мојата рака… И кога се искачувам и кога паѓам … Благодарам, љубов. И му благодарам на Бога”, напиша 47-годишната пејачка.
Исто така хрватската дива на својот профил ги пофали и своите свекор и свекрва кои ги прогласи за најдобри.