Со оваа црно-бела фотографија познатата пејачка се потсети на моментите кога пред 11 години стана мајка и кога, како што наведува, почувствувала што е безусловна љубов.
-Како од мајка сум родена пред педесет и едно лето. Пред нешто повеќе од 11 години и самата станав мајка и почувствував што е безусловна љубов. Нема ништо поубаво на светот од тоа кога вашата прва честитка е мало чудо што ви пораснало под срцето – напишала Северина во својата објава.
Под оваа емотивна објава се редеа роденденски честитки од нејзините фанови, а некои од нив го пофалија и нејзиниот изглед, велејќи дека таа воопшто не се променила во последните 11 години.