(ФОТО) Семејството Бекам ужива на јахтата на Елтон Џон

Семејството Бекам неодамна на луксузна јахта ја посети Црна Гора, поточно островот Свети Стефан и уживаше во убавините на летото. Дејвид (44) и Викторија (45), како и нивните синови Круз Дејвид (14), Ромео Џејмс (16) и Бруклин Џозеф (20) секој ден споделуваа фотографии од одморот со своите фанови, и во моментов се во Франција каде што престојуваат на јахтата на нивниот близок пријател, пејачот Елтон Џон (72).
бекамови јахта
Папараците го фотографираа среќното семејство во друштво на пејачот и неговиот сопруг, режисерот Дејвид Фурниш (56). Од фотографиите се гледа дека семејството добро се забавува.
бекамови јахта4
Обожавателите, исто така, забележаа дека двојката е многу блиска.
Дејвид ја опсипува Викторија со бакнежи, таа се смее среќно, а на една фотографија се чини дека Дејвид ја убедува да скокне во море.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e