Селена Гомез е ретка убавица.
Во вторникот, најследената жена на „Инстаграм“ сподели две селфија во сосема природно издание, без шминка и ги воодушеви своите фанови.
30-годишната пејачка, актерка, дизајнер, а сега и претприемач, често позира во такви природни изданија.
Објавата за еден ден собра повеќе од 22 милиони лајкови, а многу ѕвезди веднаш ја искоментираа објавата со пофални зборови. Мајли Сајрус ѝ остави црвено срце, како и Мишел Фајфер, додека бројни други познати личности како Парис Хилтон, Џесика Капшо, Суед Брукс ѝ оставија емотикони и пораки во кои нагласуваат колку е убава.