(ФОТО) „Се расплака додека ги читаше зборовите“: Наташа Беквалац снима љубовна балада за Лука Лазукиќ

Новата песна на Наташа Беквалац ја напиша нејзиниот кум и оваа балада која е вистинска зборува за болката, тагата и разочарувањето што ги доживеа пејачката.

Taa поминува низ многу тежок период во животот, бидејќи пред четири месеци доживеа семејно насилство од сопругот Лука Лазукиќ, по што пријави во полиција.

Bekvalac_Lazekic_0731_e_stock_Milos_Rafailovic_1000x0

Имено, секоја среда, пејачката оди во центарот за социјална работа, каде го доведува и нејзиното бебе Катја за да може да си го види татка си. И цело време, Наташа одвај чека да ја сними новата песна и често мисли на работата која ја обожава, како и публиката пред која чека да застане.
„Наташа никако не мирува. Таа психички се опорави од шокот што го доживеа во април. Не ни сонуваше дека нешто такво може да ѝ се случи, но, после сѐ успеа да најде мир. Не ѝ беше сеедно ни за девојчињата, па затоа се обиде да води нормален живот. Затоа сака да се направи нова песна што е можно поскоро. Таа одвај чека да влезе во студио, а од неодамна призна дека во новиот албум има песна дека која многу ја погодила“ – открива за „Ало!“ извор близок до пејачката и додава:

„Кумот на Наташа е автор на песната, а таа соработуваше со него додека тој работеше на текстот. Станува збор за таква трогателна песна што Наташа се расплака додека ги читаше зборовите. Песната ја опишува сета тага и болка која ја чувствуваше таа и која сѐ уште ја чувствува поради се што се случи. Песната е вистинска љубовна балада, посветена на сите оние кои некогаш некого сакале, а тој „некој“ длабоко ги разочарал… Песната е напишана токму за Наташа, а таа е воодушевена што ќе може искрено, преку песната како најдобро може и умее, да ѝ пренесе на публиката како се чувствува и што преживеала“ – вели за српскиот „Ало!“ извор близок до пејачката.

Наташа наскоро ќе влезе во студио да ја сними песната, а како што дознава „Ало!“ малку се плаши да застане пред микрофонот, за да не заплаче при првите зборови од песната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e