Момчето Коста (13) кое изврши масакр во неговото основно училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, моментално е на специјално одделение на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци.
Србија вчера и завчера се прости од децата и чуварот на училиштето на кои К.К. им го одзел животот во средата наутро доаѓајќи на училиште со пиштол.
На Централните гробишта завчера била погребана Е.К., девојка која застанала пред убиецот и се обидела да го нападне, а потоа ја убил.
Самиот чин на нејзиниот разговор со К.К спасил многу деца кои во тој момент побегнале од училиште.
Многу луѓе завчера се собраа на Централните гробишта за да го кажат последното збогум на малото девојче кое покажа извонредна храброст.
Нејзините родители, поранешниот одбојкар Драган Кобиљски и неговата сопруга Нина, најдоа сила по погребот и во објавата што ја објавија на социјалната мрежа им се обратија на сите луѓе кои беаи уште се со нив, а нивните зборови ги насолзија очите на многумина: