Сара на свет донесе ќерка, на која по нејзина желба и на сопругот, ТВ-водителот Димитар Атанасовски, ѝ го дадоа името Илина.
Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс утрово стана мајка. Сара на свет донесе ќерка, на која по нејзина желба и на сопругот, ТВ-водителот Димитар Атанасовски, ѝ го дадоа името Илина.
Новопечените родители ја објавија среќната вест на социјалните мрежи.
„Не е лажна тревога. Најсреќна на свет сум. Добредојде Илина“, напиша Сара.
Фото: Инстаграм/Принтскрин