Популарната пејачка Рада Манојловиќ се отвори и раскажа за непристојните понуди кои ги добива преку социјалните мрежи или пак во живо.
„Мажите денес се поплашливи од жените. Сите тие кои испраќаат секакви нешта криејќи се зад теелефонот или компјутерскиот екран, немаат храброст да придат во живо. Кога некој шмекер ќе напише нешто непристојно за да дојде до жена? Никогаш! Шмекерите имаат интересен начин за да ја освојат жената. Тие гнасни изјави сепак ги пишуваат само кукавици. Не ме допираат таквите пораки, ниту пак ги отворам бидејќи во спротивно би полудела. Мажите ги заземаа местата на жените. Сега жените се тие кои гребат и скокаат на мажите како хиени, а мажите стојат на страна и немо посматраат. Тоа нема никаква смисла.“ – смета атрактивната пејачка која во моментов е без партнер.