Протекоа нови разголени фотографии од хрватската поп ѕвезда, Северина Којиќ.
Пред 14 години популарната пејачка доживеа вистински шок на естрадната сцена, кога се појави нејзината приватна снимка со експлицитна содржина.
Иако јавноста во најголема мера заборави на тоа видео, новите фотографии повторно ја заинтригираа јавноста.
Токму кога спласнала прашината поради нејзините голи фотографии, кои во јавноста се појавија во август, следи нов шок. Имено, на еден интернет сајт се појавиле нови фотографии на кои Северина е целосно гола.
Пејачката засега не се огласила по овој повод, па така не е познато ни на кого ги праќала експлицитните фотографии.