Маша Терзиќ (25), ќерка на претседателот на Црвена звезда Звездан Терзиќ, ужива на одмор во Дубаи, каде објави нова фотографија.
Имено, убавата Маша објави нова фотографија на социјалната мрежа Инстаграм каде позира на плажа во портокалово бикини.
На објавата, Терзиќ ги истакна убавото лице и облините, а во преден план беше нејзиното извајано тело.
Поради нејзината долга коса, убавата фигура, како и веќе познатата поза, многумина ја споредуваа со најпознатата ријалити sвезда на светот, Ким Кардашијан. Маша ја истакна волшебната линија и лице без трошка шминка и доби бројни комплименти за нејзиниот изглед.
„Го разубавивте овој лош и никаков ден со оваа слика“, „Гориш“, „Убава сцена“, „Врв“, „Убава слика“, беа коментарите на обожавателите.
Таа собра 8.600 лајкови, додека на споменатата социјална мрежа ја следеа 111.000 следбеници.
Инаку, Маша е успешна млада девојка која има свој моден бренд, таа беше многу присутна во јавноста за време на нејзината долгогодишна врска со Веjко Ражнатовиќ, но и за време на интензивното дружење со неговата сестра Анастасија. Маша и Веjко скоро секој ден ги исполнуваа насловните страници на медиумите, па дури и беше напишано дека се вериле.
Иако сите им предвидуваа светла иднина, парот раскина по скоро четири години врска во 2016 година, а Маша се повлече од јавноста после тоа.