Атрактивната, оригиналната, сексапилната…и, секако скандалозната српска пејачка Јелена Карлеуша викендов направи хаос со својот настап во Скопје. Јелена со тоа го исправи оној несуден несреќен концерт пред неколку години кога од “технички причини” го откажа во една скопска спортска сала.
Па, така и на овој начин ја демантираше приказната дека Јеца нема свои фанови во македонската метропола. Има, има и тоа многу и не само меѓу таканаречениот “обичен свет”, туку и меѓу своите македонски колеги и колешки. Карлеуша токму од колегите беше пречекана како ѕвезда, симната од небесни височини. Таквата чест и ја направиле, а кој друг ако не нејзините другари Тијана Дапчевиќ и Боки 13-ка Јовановски. Дапчевиќка која ги угостува пејачите во својата ТВ-емисија и со нив води секакви муабети, овојпат за Карлеуша се покажа и како добра домаќинка.
Не само пред ТВ-камерите, туку и подоцна, кога заедно се забавуваа и пееја исто како да се на некој белградски сплав. За Бокица и онака им е веќе познато и на врапците дека е најдобар другар со Јеца, па со средбата во Скопје, Бокица и Јеца само си ја повториле лекцијата од деновите кога во Белград, Карлеуша на Јовановски му беше се во животот, дури и “раме за плачење”. Старата клапа, заборав нема!