Убавата телевизиска водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска ги спакува куферите и замина на патување во преубавата Анталија.
Таа на својот Инстаграм профил сподели многу фотографии истакнувајќи ја преубавата Анталија но и сто така и им покажа на своите фанови како всушност таа ужива таму.
“Продолжен викенд значи само едно: добро опуштање и надоместување на сето она што пропуштив да го направам изминатите две недели. И не, не мислам на работата. Време е за одмор, море и добро вино.
Ви посакувам убава вечер, честит Велигден на сите кои празнуваат и пријатен остаток од викендот. Не ме барајте до вторник“, напиша во својата објава Спенџарска.